Македонија

Намалени цените на 589 лекови

Намалени цените на 589 лекови

Министерството за здравство спроведе ново намалување на цените на   589  генерички и оригинатори (иновативни) лекови.

Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните генерики:

•      dexamethasone (Дексаметазон) инјекции – кортикостероидна терапија – 74.58%

•      aciкlovir (Ацикловир) крем – антивирусен лек – 71.10%

•      paclitaxel (Паклитаксел) – лек за карцином– 67.15%

•      atorvastatin (Аторвастатин) – лек за намалување на мастите во крв– 64.55%

•      immipenem,cilastatin (Имипенем) – антибиотик – 61.74%

•      metformin (Метформин) – лек за дијабет – 61.03%

•      meloxicam (Мелоксикам)-  лек против реума – 56.22%

 

Најголемо процентуално намалување на максималната цена се јавува кај следните оригинатори:

•              TAXOTERE (Таксотер) (антинеопластик)       43.4%

•              FLUDARA (Флудара) (антинеопластик)        38.4%

•              COPEGUS (Копегус) (антивирусен лек)       36.7%

„По направените пресметки и новите објавени максимални цени на лековите, овозможуваме ново намалување на 228 малопродажни цени на  генерички лекови и 206 иновативни лекови и оригинатори, кои почнаа да важат од 1 Ноември 2014. Вкупно се намалени 434 малопродажни цени на лекови. Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека. Просечното намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 12 %, додека кај оригинатори 11.4 %.“, истакна министерот за здравство, Никола Тодоров.

Најголемо намалување на малопродажна цена се јавува кај следните генерички лекови:

– Сefixime (Цефиксим) – антибиотик сируп (Панцеф)  од 100 mg/5мл  – со разлика во цената од 36,08% (старата малопродажна цена била 962.50 денари, а новата изнесува 615.24 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од околу 87 илјади евра.

–  Imipenem/Cilastatin (Имипенем/Циластатин)  антибиотик – со разлика во цената од 61.74% (старата малопродажна цена на лекот била 4568.52ден, а новата  изнесува 1747.94 ден), што ќе овозможи годишна заштеда од 33 648.66 евра.

–   ZYTRON (Зитрон) таблети –лек против повраќање, најчесто се дава после хемотерапија, со разлика во цена од 48.37% (старата малопродажна цена била 1131.20 денари, а новата  изнесува 584.08 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од 27 640.89 евра.

–   Намалување има и кај лекот YASNAL (Јаснал) перорална таблета  (понова генерација на лек против Паркинс и Алцхајмер) – со разлика во цена од 45.52 % (стара цена-1979.62 ден, нова цена-1078 ден).

–  Paclitaxel (Паклитаксел) – концентрат за раствор за инфузија. 150mg/25ml. 1 вијала x 25 ml/кутија (лек за карцином) – со разлика во цена од 54.6 % (старата малопродажна цена била 8475 денари, а новата изнесува – 3843.24денари).

Вкупната заштеда кај генерички лекови на годишно ниво изнесува 52,629,012 денари, додека кај  оригинатори и иновативни лекови изнесува  – 110.011.681 денари.

Најчесто препишувани лекови, според мој термин, кои граѓаните ги земаат од аптека, а сега се со намалени цени се:

•              од нестероидните антиинфламаторни лекови Диклофенак (Diclofenak) и Кетопрофен (Ketoprofen) за болка,

•              од антибиотиците   Амоксицилин (Amoxicillin),  Ампицилин (Ampicillin),  Азитромицин (Azithromycin) и  Цефалексин (Cefalexin),

•              од антихипертензивите Лосартан(Losartan) и Амлодипин (Amlodipin).