Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лекови. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра.
Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките.
– Намалувањето на цените на лековите е системска реформа на Владата на република Македонија и Министерствоот за здравство и Агенцијата за лекови која во континуитет ја спроведуваме со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за лекување на одредени заболувања, како и за превенција и одржување на здравјето, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека намалени се