Македонија,Економија

Намалени цените на тековно потрошените средства во земјоделството

Намалени цените на тековно потрошените средства во земјоделството

Индексот на цените во земјоделството во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,6 отсто, а кај аутпутот е зголемен за 1,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.

Во делот аутпут, во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, индексот на цените на растителното производство изнесува 100.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102.3.