Намалени цените на тековно потрошените средства во земјоделството

Цените во земјоделството во февруари оваа година, во однос на истиот месец лани, кај тековно потрошените средства се намалени за 4,6 отсто, а кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството се зголемени за 9,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во делот на средствата наменети за инвестиции во земјоделството, во февруари оваа година, во споредба со истиот период лани, индексот на цените на растителното производство изнесува 112,3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,6.