Намалени казните на Охрид и на Радовиш

Дисциплинската комисија на РФМ им ги намали казните на екипите на Охрид и на Радовиш кои се жалеа на одлуката за парична казна од 150.000 денари за инцидентот во 7 коло на машката ВИП Супер лига.

Во образложението се вели дека за сторен дисциплински престап од чл.106 од ДП на РФМ, се изрекува дисциплинска санкција, парична казна во износ од 120.000,00 денари. Паричната казна да се уплати во рок од 8 (осум) дена од правосилноста на оваа одлука.

Доколку клубот не ја плати паричната казна во определениот рок од 8 дена, паричната казна ќе се замени, на начин што за секои почетни 30.000,00 денари парична казна ќе се изрече одземање по еден бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.