Намалени платите на претседателот и пратениците во Србија

Административната комисија во српскиот Парламент донесе денеска одлука за намалување за десет проценти на платата на претседателот на земјата, на назначените лица во службите на претседателот и во службите на Парламентот, како и на пратениците, јави Танјуг.

Одлуката беше во согласност со законот, усвоен на 26 октомври од српскиот Парламент, за намалување за десет проценти на платите во државниот сектор и на пензиите над 25.000 динари.  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.