Свет

Намалени платите на швајцарците директори

Намалени платите на швајцарците директори

Платите на директорите на најголемите швајцарски фирми лани биле значително намалени во однос на 2013 година, но и во споредба со износите кои ги примале пред три години, објави швајцарскиот весник „24 часа“.

Најголема годишна плата од сите менаџери на швајцарските фирми лани имал извршниот директор на компанијата „Трансошен“, Стивен Њумен од 14,2 милиони швајцарски франци.

„Трансошен“ е американска компанија која се бави со експлоатација на нафта и е со седиште во швајцарскиот град Цуг. На второ место на најплатени директори во оваа алпска земја е првиот човек на „Новартис“, Јозеф Хименез, со плата од 12,6 милиони франци во 2014 година.