Намалени продажните цени на индустриските производи во јануари

Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар, на месечно ниво се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, додека за 2,3 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари оваа година, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 1,1 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто и во групата Капитални производи за 0,2 отсто.

Во јануари оваа, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за четири отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто  и во групата Капитални производи за еден отсто.