Намалени продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари годинава се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 2,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јануари годинава, во споредба со декември лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,6 проценти и во „преработувачката индустрија“ за 0,2 проценти, а се пониски во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 1,7 процент.
Според ДЗС, во јануари годинава, во однос на јануари лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 14,8 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,8 проценти, а се пониски во секторот „преработувачка индустрија“ за 4,2 проценти.

На странските пазари продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари се повисоки за 1,2 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,4 проценти на годишно ниво.