Намалени трошоците за решавање имотно-правни односи

Граѓаните отсега за решавање на имотно-правни односи наместо 150 евра на нотар ќе плаќаат само 300 денари, според новата законска измена. Со ова Владата решава уште еден проблем на граѓаните.

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Аеродром, истакна дека се работи за 54.000 парцели и околу 130.000 граѓани, соседи кои ги немаат решено своите имот-правни односни за поделба на дворовите, односно навлегувања, сега ќе можат да го сторат тоа по многу поевтина цена.

-Милионите евра кои би требало да даваат граѓаните, сега нема да ги даваат затоа што наместо со таков нотарски акт за кој се плаќа 150 евра, законот овозможува само со нотарска изјава помеѓу соседите да се разреши случајот. На овој начин ќе се заштедат осум милиони евра на граѓаните, истакна премиерот.

На овој начин, рече Груевски, многу побрзо ќе оди решавањето, бидејќи многу луѓе немале 150 евра да ги дадат за решавање на некое имотно прашање кое во најголем дел е грешка на властите од 1956 до 2006 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.