четврток, 24 август 2017  |  Вести денес: 0

Намалени цените на угостителските производи во ноември

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, бележат намалување од два отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поврзани вести

Зголемување на цените на угостителските услуги е забележано во групите Храна за 0,1 отсто и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за девет отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- ноември оваа година, во однос
на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,2 отсто, додека во однос на декември минатата година е зголемен за еден отсто.

Најчитани вести