Намалени врнежите, ова е моменталната состојба

Во текот на ноќта и во раните утрински часови интензитетот на врнежите во Македонија се намалуваше, а наместа и целосно престанаа.

Како што соопшти УХМР, изминатите 24 часа се наврнати 62 литри на метар квадратен во Пожар, 56 во Крива Паланка, 44 во Демир Капија, 41 во Штип, 32 во Виница, 19 во Гевгелија, 15 во Струмица, 10 во Берово, 9 во Дојран и во Маврово, 7 во Гуриште, 5 во Скопје Петровец и во Куманово, 4 во Скопје на Зајчев Рид и во Крушево, 3 во Охрид и 1 во Дебар, Прилеп, Тетово, Тополчани и во Лазарополе.

Висината на снежната покривка изнесува 10 сантиметри во Маврово.

Утринската температура насекаде беше над нулата и се движеше во интервалот од 1 до 7, освен во Маврово и во Лазарополе каде се спушти до 0 степени.

Денеска ќе преовладува променливо облачно облачно време со кратки сончеви периоди но локално сеуште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд,а на повисоките планини со повремен слаб снег. Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер од каде ќе има прилив на постуден воздух од север и ќе има постепено опаѓање на температурата на воздухот.

Највисоката температура во земјава ќе достигне од 6 до 12 степена. Во скопското подрачје ќе има услова на повремен слаб снег. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со локален повремен дожд, на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Интензитетот на врнежите се очекува да биде слаб а наместа умерен.