петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Намалено аерозагадувањето во Скопје, Тетово, Кавадарци и Кичево

aero

Поврзани вести

Kонцентрациите на ПМ 10 честичките во Тетово, Кичево и скопските општини Лисиче и Центар утрово се над дозволеното, но пониски од претходните денови.

Во осум часот мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат концентрација од 230 микрограми на метар кубен во Тетово, Битола 149, Кавадарци 68, Кичево, 46, Лисиче 73 и во Центар 44.

Во Карпош, Гази Баба и Ректорат концентрациите се под максимално дозволените од 35 микрограми на метар кубен.

Град Скопје со цел намалување на загадувањето од завчера почна со третирање на улиците со калциум магнезиум ацетат. Акцијата почна од булеварот „Св. Климент Охридски“ и улиците „Св. Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, а наскоро ќе се прошири и на други локации.

Најчитани вести