четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Намалете ги килограмите ако сакате поквалитетен сон!

spienjeee

Последни вести

Имате проблем со вишокот килограми, ве мачат кошмари или пак несоница? Ако сакате да имате здрав и мирен сон намалете ја телесната тежина!

Доколку се ослободите од вишкот килограми, би можеле да спиете поквалитетно, покажуваат резултатите од студијата на Американската здравствена асоцијација спроведена на Универзитетот во Пенсилванија.

Истражувачите заклучиле дека губењето на телесна тежина значително влијае на сонот, без оглед на тоа дали слабеењето дошло по пат на диета или вежбање. Проблемот го прават масните наслаги, па важно е тие да се отстранат.

Во експериментот биле вклучени 77 пациенти кои се следени половина година. Сите учесници биле гојазни или имале малку над посакуваната телесна тежина и сите имале проблем со несоница, немирен сон или кошмари. Во првата група биле оние кои се подложени на промени на режимот на исхрана и вежбањето, додека во другата доброволци ставени на диета.

Испитаниците по шест месеци, без оглед во која група биле, загубиле 17 килограми, што значително влијаело врз подобрувањето на квлитетот на нивниот сон. Несоницата потполно исчезнала, а бурните соништа станале реткост.

Најчитани вести