Намалување на работната недела, но не и на работните часови

Воведување четиридневна работа недела е интересна идеја, сметаат сопствениците на големите компании во САД, но тие не би го поддржале предлогот за намалување на бројот на работните часови.

Спроведената анкета покажала дека од дури 69 отсто од бизнисмените-милионери поддржуваат укинување на еден работен ден во неделата. Тоа особено се однесува на жените-милионери, меѓу кои дури 82 проценти сметаат дека четири работни дена во неделата се вистинско решение.

Сепак, како што пренесува Ен-Би-Си, покусата работна недела, според бизнимените подразбира подолго работно време. Многу милионери сметаат дека за нивните дејности и натаму се потребни 40 работни часа неделно по вработен, но и дека на работниците повеќе би им одговарало да работат четири дена неделно по 10 часа.