Македонија

Наменето за велосипедистите што мразат ридови: ескалатор за велосипеди

Наменето за велосипедистите што мразат ридови: ескалатор за велосипеди

trampe_2Возењето велосипед е добар начин за одење на работа. Прво е здраво, потоа не ја загадува околината, а не создава дополнителни трошоци. Но, доколку на патот од дома до работа и обратно треба да поминете огромна угорнина, тоа мошне лесно може да ве предомисли и наместо со велосипед да отидете со автобус.

Жителите на Брубакен Хил во градот Трондхајм во Норвешка го немаат овој проблем. Во 1993 тие го изградија Трампе, ескалаторот за велосипеди што ги турка велосипедистите нагоре по ридот без да има потреба да вртат на педалите.

За да го користи ескалаторот, велосипедистот се качува на станицата на дното на ридот и го става стапалото на мал држач за стапало, поставен на платформата која минува до тротоарот. Платформата се движи нагоре и го крева велосипедистот заедно со неа. Има повеќе платформи, а истовремено со Трампе можат да се искачат и до 6 велосипедисти.

Инаку засега ова е првиот и единствен ескалатор од овој тип. Во 2013 та година овој ескалатор беше реконструиран од страна на француската компанија SKIRAIL и беше преименувана како CycloCable. Компанијата вели дека е оптимист дека во иднина ќе се постават повеќе вакви ескалатори во градовите во Европа, САД, Канада и Источна Азија, но досега поради недостатокот на пари за развој на велосипедската инфраструктура ова не е направено. За изградба на ваков ескалатор потребни се околу 2 800 американски долари за еден метар. Инаку, тој може да биде поставен на ридови кои достигнуваат височина од 500 метри.