Политика

Најголемиот дел од неважечките ливчиња биле гласови за ВМРО-ДПМНЕ?!

Најголемиот дел од неважечките ливчиња биле гласови за ВМРО-ДПМНЕ?!

Вкупно 38.712 неважечки ливчиња изброи Државната изборна комисија на овие парламентарни избори или двојно повеќе од изборите во 2014 година. Енормно повисокиот број отвора сомнеж за можна злоупотреба, а според нашите информации на околу 90 отсто од вкупниот број неважечки ливчиња гласот бил даден за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Дел од ливчињата подоцна биле пречкртувани со цел да бидат поништени. Разликата во конечната бројка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе беше далеку поголема доколку овие гласови биле регистрирани како регуларни.

nevazecki-livcinja

За потсетување, од 99,70% обработени гласови во ДИК, ВМРО-ДПМНЕ со Коалцијата освои 452.709 гласови или 38,06 отсто, а за СДСМ гласале 436.469 гласачи, или 36,69 отсто.

Ова се резултатите од обработените гласачки места во сите шест изборни единици, без гласовите од дијаспората.