Намерно поттикнување на пошироки судири

Одредени портали и политички кругови постојано ги подгреваат тензиите за време на протестите во Ѓорче Петров заради вчерашното убиство на осуманесетгодишниот Ангел Петковски.

Откако вчера ги критикуваа полицајците што не спречиле кршење на повеќе дуќани, денеска се најгласни во осудата на Министерството за внатрешни работи што го спречи насилното одење на повеќе стотици млади во Сарај.

Се поставува прашањето дали МВР требаше да дозволи повеќе стотици млади да заминат во Сарај? Дали тогаш ќе имаше масовна ескалација на судирите? Колку повредени и жртви ќе имаше?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.