Наместо 10.000 компаниите ќе плаќаат глоба од 1.500 денари

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката за нивелирање на санкцииите во предлог-законот за прекршоци, така што од сега казните фирмите ќе ги плаќаат според неколку критериуми како вкупниот годишен приход, бројот на вработени и дали претходно биле казнувани или не.

Колку за појаснување, според критериумот за вкупниот приход, најголемата казната може да биде 70 отсто од него и тоа ако едно претпријатие остварува годишен приход до пола милион денари ќе биде казнето со 10 отсто, а ако неговите приходи се над 100 милиони денари неговата казна ќе биде 70 отсто од заработеното.

Пресметките според бројот на вработени се од 1 до 9 лица се плаќа глоба од 5 отсто, од 10 до 49 лица 10 %, од 50 до 249, 15 отсто, а за над 250 вработени глобата е 20 отсто.

Претходното поведение се пресметува на тој начин што ако компанијата претходно немала прекршок во своето работење плаќа 0 отсто, а до доколку имала 10 отсто.

„Ако глоба била некогаш била 10.000 денари, сега таа се пресметува на тој начин што ако субјектот на пример има приход од пола милион денари,9 вработени и претходно не бил казнуван, за приходот плаќа 10 отсто или 1.000 денари, а за вработените 5 отсто или 500 денари, сегашната глоба му е 1.500 денари, што е намалување за цели 8.500 денари“, рече премиерот Никола Груевски.

Груевски додаде дека измените на овој закон се носат бидејќи мора да се биде праваден кон секој, односно не може големите компании и малите дуќанџии да плаќаат исти казни.

На владината седница се донесе и одлука за пуштање во употреба на четвртата кредитна линија од Светската банка во висина од 100 милиони евра. Првата исплата од 15,3 милиони евра ќе биде за 66 претипрјатија и тие поволностите ќе можат да ги користат од втората половина на месец јули. Со оваа кредитна мерка се очекува во малите претпријатија да се отворат нови 185 работни места.

Премиерот Груевски додаде дека до крајот на 2015 година со искористувањето на предвидените 100 милиони евра, ќе се вработат нови 2.150 лица.

Како последен проект кој наскоро ќе започне со реализација е проектот „топ менаџмент“, според кој се предвидува домашните менаџери да одат на практична обука, во странска компанија од истата гранка, во период од еден месец. Теоретскиот дел за менаџерите е веќе завршен. Планирано е сите 140 менаџери до крајот на 2015 година да го имаат поминато и практичниот дел и успешно да продолжат со раководење на компаниите.