Македонија

Од Скопје до Демир Капија две нови патарини Наместо досегашните три, граѓаните ќе плаќаат пет патарини

Наместо досегашните три, граѓаните ќе плаќаат пет патарини

Две нови патарини ќе плаќаат граѓаните кои ќе возат по новиот автопат Демир Капија Смоквица. Делницата, со должина од 28 километри,  ќе биде пуштена во употреба  крајот на овај месец,  а  изградбата на модерните наплатни пунктови се очекува да заврши најдоцна за 10 месеци. Тоа значи дека летово нема да се плаќа патарина на новиот автопат.  тоа значи дека заедно со досегашните три граѓаните од Скопје до Гевгелија ќе плаќаат вкупно 5 патарини.

Министерот Горан Сугарески најави градежна експанзија вредна половина милијарда  денари, или 8 милиони евра. До крајот  и овај и следниот месец ќе бидат започнати сите планирани реконструкции, кои се финансираат со сопствени пари . Станува збор за 30  патни правци кои се очекува да бидат  завршени до крајот на годината.

 

– На терен веќе завршува реконструкцијата на шест делници во должина од 58 километри во што се вложени 304 милиони денари, почнати минатиот есен. Ќе имаме над милијарда денари годинава кои ќе бидат потрошени во делот на реконструкција на регионални патишта, експресни патишта итн., наши средства, но и останати кои дополнително се предвидени од Светска банка и ЕБОР, изјави Сугарески при денешниот увид на градежните активности за реконструкцијана патот Петровец – Катланово.

 

Во јуни почнува и изградбата на патните правци финасирани од ЕБОР  вкупно 26 во вредност од 76 милиони евра, како и на  12 делници во должина од 150 километри за кои Светска банка  издвои 14 до 15 милиони евра Следниот месец ќе биде пуштен во употреба и реконструираниот патен правец Петровец Катланово  во должина од 5,3 километри и вредност од 553 илјади евра,каде денеска надлежните извршија увид.