сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 8

Наместо Фронтекс Австрија предлга цивилно-воена мисија на ЕУ

Тој упати критики поради тоа што Европската комисија и Фронтекс во бегалската криза дејствуваат премногу бирократски.

Наместо Фронтекс Австрија предлга цивилно-воена мисија на ЕУ

Наместо Фронтекс Австрија предлга цивилно-воена мисија на ЕУ

Поврзани вести

Новиот министер за одбрана на Австрија Ханс Петер Доскоцил сака да испрати војници на надворешната граница на Европската унија во Грција.

Тој во интервју за виенскиот весник „Курир“ ијзави дека Австрија би учествувала во една цивилно-воена мисија на ЕУ во Грција.

Тој упати критики поради тоа што Европската комисија и Фронтекс во бегалската криза дејствуваат премногу бирократски.

– Мораме да одиме по нови патишта, рече Доскоцил, нагласувајќи дека е потребен заеднички европски надзорен капацитет, а тоа е можно со мисија на ЕУ составена од цивилни службеници и војници.

Тој се изјасни и за јасна командна структура на ЕУ во надзор на надворешните граници на ЕУ во Грција.

Во врска со приоритетите на австриската војска Доскоцил планира да ги задржи тие што беа поставени од неговите претходници, а тоа е учество во меѓународни мисии, со цел стабилизација на безбедносното опкружување.

Најчитани вести