Наместо извинување од Жерновски, ароганција и фалење за боемство со пари на граѓаните

Втор ден откако беше обелоденет случај како инспектор од Општината Центар потрошил 13 илјади денари само на еден ручек на сметка на општината, во исто време кога градоначалникот Жерновски речиси секој ден во јавноста се правда дека општинската каса е празна и затоа каска спроведувањето на проекти кои центарци никако да ги видат.

boem-2-n500

Сметката покажува дека се јадело и пиело во изобилство, се пиело лозова ракија, хајнекен, се јадело свинско и пилешко месо, салати и сето тоа на грбот на граѓаните. Жерновски не излезе барем во најмала рака да се извини и да одговори на неколку прашања кои граѓаните си ги поставуваат, но затоа инспекторот Дејан Тодоровски ГЗЕ кој ја потрошил сумата по скопски кафеани продолжи арогантно да се фали со неговото боемство објавувајќи на својот фб профил фотографии со скапи пури, седенки по кафеани и додатни коментари.

gze-n500

Така Тодоровски во еден од коментарите се фали дека снемал мaстило, и дека Дебар маало каде се сместени повеќето од скопските кафеани не било шала. Очигледно луѓето на Жерновски не чувствуваат морален товар тоа што ги трошат парите на граѓаните на овој начин.

Она што исто така е интересно е што екс советникот на СДСМ во Центар, а сега вработен во општината на работно место инспектор Дејан Тодоровски медиумите објавија дека во општината си вдомил и близок член на семејството. Се работи за долгогодишен активист на СДСМ, а според кажувањата на вработените во општината активистите на СДСМ и Жерновски целосно ја узурпираат општината за свои приватни цели и интереси.

Во јавноста е покажана една сметка, а постојат можеби стотици други, кажува вработен во општината Центар. Постојано се по кафани, а ретко на работа, која ја вршиме ние обичните службеници, додава службеникот вработен во општината.

Додека ваквото лускузирање ја разбранува јавноста, граѓаните на Центар сеуште си ги бараат ветените проекти кои не се реализираат поради изговор дека немало пари во општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.