сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 6

Наместо кафе, денес подгответе здрав млечен шејк

Подочниците, подуеноста и проблемите со концентрацијата се основните знаци кои откриваат дека итно ви е потребна детоксикација. Ако и ова утро се разбудивте заморни, прескокнете го кафето и подгответе млечен шејк.

namesto-kafe-denes-podgotvete-zdrav-mlecen-sejk-01

Последни вести

Кога во телото ќе внесете претерано многу адитиви, шеќери и други штетни материи, време е да го освежите со еден детоксикациски пијалак.

За утринскиот млечен шејк потребно ви е:

  • 1 јајце
  • Лажица мед
  • Свежо цеден сок од 1 лимон
  • 50g корнфлекс
  • 50ml млеко

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко промешајте, додека пијалакот не добие кремаста густина.

Додадете свежо овошје по желба и уживајте во енергичното „Добро утро!“

Најчитани вести