Наместо кафе, подгответе освежителен пијалак за овошно будење

Еве што ви е потребно за да го подготвите:

  • Шолја кисела вода
  • ½ шолја сок од портокал
  • Лажица јаболков оцет
  • Неколку малини
  • 4-5 листови ментол
  • Лажица мед

Сите состојки ставете ги во чаша и мешајте додека не се соединат.

Малините додајте ги на самиот крај и можете да ги изгмечите со цевка или лажичка.

Испијте на неколку пати и подготвени сте за енергичен старт!