Наместо на екскурзија, извршил самоубиствен напад во Ирак

Седумнаесетгодишен Британец на своите родители им рекол дека оди на екскурзија, но наместо тоа, тој извршил самоубиствен напад во Ирак, пренесуваат британските медиуми.

Иако за сега нема официјална потврда од терористичката група, тинејџерот Тала Асмал е најмладиот бомбаш самоубиец во историјата на Велика Британија, откако го детонирал автомобилот полн со експлозиви во непосредна близина на полициската станица во ирачкиот град Бајџи.

После нападот на социјалните мрежи се појавија фотографии од момче со име Абу Јусуф ал Британи, а членовите на семејството Асмал потврдија дека детето на сликата наликува на Тала.

Тој својот дом го напуштил пред неколку месеци, а неговите родители сметаат дека Тала за само неколку месеци се радикализирал преку интернет и социјалните мрежи.