понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 57

Наместо со научни трудови Малевски сака внимание со сервилни колумни за СДСМ

Професорката Билјана Ванковска, на својот фејсбук профил, го искажа својот став и еден вид револт кон Денко Малевски, кој наместо да се занимава со научна мисла, се ставил во служба на СДСМ и соросовите портали, штанцајќи колумни и текстови по нотите на Заев.

малевски

Поврзани вести

Нема да зборувам за министерувањето на Малески – тоа не е поента на овој пост. Сакам повеќе да се свртам кон професорот (сега во пензија), кој ете напиша дека сме биле платени да мислиме, пишуваме, работиме, а дека не сме биле отчетни кон општеството. Знаете ли кога овој мој омилен професор падна во моите очи? Тогаш кога во Билтенот на УКИМ прочитав рецензија за негов избор во редовен професор (мислам дека тогаш јас веќе бев доцент. Очекував да видам долга листа на научни дела – бидејќи од таков професор само тоа би го очекувала. Но, видов рецензија во која беа наведени неколку статии и повеќе колумни од дневни весници! Не ми се веруваше на очите! Тој зад себе не остави ниту еден универзитетски учебник, особено во дефициратната област на Меѓународни односи (во која предаваше). Остави една обична хрестоматија, збир на извадоци од големи мислители низ историјата – и еден предговор! Подоцна со сопругата основаа онлајн научен часопис (New Balkan Politics) во кој редовно објавуваа и двајцата – CV-то се зголеми, со текстови на неколку странички, налик повеќе на есеи одошто на вистински научни статии. Притоа, во секое писание, и во секоја изјава, се слушаше ехото на Тукидид и (лошо превдената) теза дека „големите го прават она што сакаат, а малите она што мораат“. Американците станаа наш сојузник, шампиони на демократијата, и никако империјалисти!

Професорката Ванковска, дополнително пишува дека како професори се платени за науката и со наука треба да му се одолжат на општеството , а не да политизираат и да се ставаат во служба на политиката, секој може да има свој политички став, според професорката, но научната работа кај нив професорите треба да биде водилка.

Да, професорите имаат одговорност кон општеството, особено во смисла на учество во јавниот дискурс, во ставањето на располагање на својата експертиза и знаење за општествените проблеми. Колумните не се лоша работа, одлична се – но, тие не се научни дела, иако ги пишуваат научници. Да, професорите се и граѓани, имаат свои идеолошки и политички преференци, но објективноста и посветеноста на Вистината е она што мораат да го имаат како водилка – и затоа мораат да ги критикуваат најпрво „своите“, а не да се ставаат во нивна служба во борбата против „другите“. Но, сосема е легитимно и кога професорите си ја вршат само својата работа, онаа за која се платени: да пренесуваат и да создаваат знаење! Тогаш не мораат да бидат и јавни интелектуалци, но секогаш мораат да настојуваат да бидат извонредни научници, познати и признати во светот. Да, тешко е и исклучително напорно да се биде и научник и јавен интелектуалец, но најлесно е да бидеш популарен квази-научник затоа што те има по телевизии и во колумни. Платени сме за науката, и тоа е најдобриот начин да и’ се оддолжиме на својата земја.
Дали не сме повикувани на отчетност, па и на одговорност? Не е вистина! Професорите, особено оние од факултетот од каде што доаѓа Малески, и тоа како имаат одговорност за транзицијата: затоа што пишувале не само устав и закони, туку и биле министри во речиси сите влади, донесувале одлуки од високи позиции, некои чинеле и казниви дела, биле советници на претседатели (во сенка или на сонце), итн. И секогаш биле кетмани!

Најчитани вести