ММИ потрошиле 82% од надоместоците за сопствени потреби, наместо за авторите

Воедно по претходен заеднички договор донесено е квалитетно законско решение со кое прецизно се регулирани авторските права на авторите и нивниот труд. ЗАМП и ММИ не ја испочитувале договорената обврска за инсталирање на електронски систем за евидентирање на изведените и емитуваните дела и обработка на податоците. Целта на овој софтверски систем била да се прецизира надоместокот кој радиотелевизиските организации треба да го платат според евиденцијата, за тоа кој автор, изведувач колку пати е емитуван во текот на годината. Ваквото неисполнување на обврската е на директна штета на авторите.

Од здружението на приватни сопственици на телевизии пак велат дека судски утврдиле фалсификувани потписи од страна на едната колективна организација со цел присилна наплата на авторски права.

Институцијата ММИ, ова е графолошко вештачење, со фалсификувани потписи од извршител ги блокира сметките на медиумите, вели директорот Томислав Марковиќ.

Голем дел од авторите и композиторите го искажаа своето незадоволство од работата на моменталните заштитници на авторски права. Поднесена е иницијатива за регистрација на ново здружение кои авторите се надеваат дека вистински и според договореното ќе ги штити и ќе се залага за нивните интереси.

ЗАМП за жал некако покажа дека стана империја, но не на авторите. Авторите таму се заложици на една мала група правници и адвокати. ЗАМП прави хаос во заштитата. ЗАМП не знае да ја одигра својата улога на посредник меѓу авторите, корисници и сите останати инволвирани страни и крајно време е Министерството и институциите да најдат соодветен субјект кој може да ја одигра таа улога во интерес на авторите, истакна авторот Тони Петровски.

Подолго време овие здруженија дејствуваат своеволно и уценувачки кон авторите и пошироката јавност. Познато е дека тие бараа воведување на повисоки глоби под изговор за авторски права за свадби, за занаетчиите, автобусите, такси превозниците..што наиде на бурна реакција кај јавноста.