Наместо протест, пред СЈО транспарент: „Ден за одмор, правење на слатко од смокви и трошење дневници“

Наместо протест, пред СЈО транспарент: „Ден за одмор, правење на слатко од смокви и трошење дневници“
Наместо протест, пред СЈО транспарент: „Ден за одмор, правење на слатко од смокви и трошење дневници“
Пред Специјалното јавно обвинителство наместо протест на шарените револуционери попладнево осамна транспарент со порака: Ден за одмор, правење на слатко од смокви и трошење дневници.

Членовите на СДСМ кои ја прават иницијативата „Протестирам“ финансирана од СОРОС, денес не протестираа според вообичаената рута, пишува „Курир“.

Пред СЈО е празно освен транспарентот кој на луциден начин ја доловува целокупната ситуација, односно кога протестантите на СДСМ одмараат и не рушат режим, според транспарентот веројатно прават слатко од смокви или трошат дневници.

Многу веројатно смоквите да се луцидна порака наменета за Катица Јанева која се најде во скандал со плантажа на смокви. Неодамна медиумите објавија дека изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со смокви. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледаше и од фотографиите објавени во медиумите.

На социјалните мрежи на големо кружи информација дека дежурните протестанти на таканаречената “шарена револуција“ се впрочем скапо платени за тоа што го прават. Очигледно граѓаните на целата оваа ситуација гледаат и со доза на хумор и преку луцидност се исмеваат на иницијативата „Протестирам“.