Наместо со сериозни одговори СДСМ со кусо соопштение до јавноста

По сериозните тензии што ги создадоа СДСМ и лидерот Зоран Заев, најголемата опозициска партија наместо со конкретни и сериозни одговори пред јавноста излезе со кусо соопштение во кое што се вели дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев добил едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција.

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април. Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.  Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста, се вели во соопштението.

Средба на Заев со коалиционите партнери
Средба на Заев со коалиционите партнери

Наместо со конкретни одговори СДСМ уште еднаш пред јавноста се појави со кусо соопштение во кое нагласија дека е неопходно прочистување на избирачкиот список. Наместо да понудат решение за излез од политичката криза, СДСМ продолжуваат со својата деструктивна политика. Оттука може да се забележи колку на СДСМ и’ значи целата ситуација и колку се грижи за тензиите што ги создаде, а кои имаат за цел само да ја продлабочат политичката криза во земјава.

ВМРО – ДПМНЕ во целост ја прифати методологијата за прочистување на избирачкиот список

ВМРО-ДПМНЕ во целост ја прифати методологијата за прочистување на избирачкиот список
ВМРО-ДПМНЕ во целост ја прифати методологијата за прочистување на избирачкиот список

Во прилог на ова оди и фактот што владејачката ВМРО – ДПМНЕ вчера преку писмено соопштение ја извести јавноста дека ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифати во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.

ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера, стоеше во соопштението од ВМРО –ДПМНЕ.

Хан: Земјата е во многу тешка стратегиска ситуација

Претходно, со свои изјава дека државата е подготвена за избори на 24-ти април излезе и еврокомесарот Хан, кој посочи:

Во четвртокот имав контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди.

Хан: Доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди
Хан: Доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди

Наместо да понуди конкретни одговори, СДСМ уште еднаш покажа дека вооопшто не е заинтересирана за главните интереси на државата, за економскиот напредок и прогрес. Посебно ако се земе во предвид дека и Хан укажа на тоа дека е неопходно да се изнајде консензуално решение за излез од политичката криза, како и придржување до договореното од Пржино.

Земјата е во многу тешка стратегиска ситуација. Не треба да зборавиме дека покрај сите овие разговори ние се соочуваме со избори и сериозна миграциона криза во Европа. Она што го видовме во 2015 ќе продолжи и во 2016. И ако ги земеме во предвид разговорите, многу ервопски земји велат: зголемена е тенденцијата на затворање на границите и тоа може да има директен ефект врз ситуацијата тука во државата. И затоа верувам дека Владата, целата политичка елита, Собранието, треба да обрне големо на оваа многу сериозна ситуација, порача Хан во своето обраќање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.