Наместо свадба, Чарли Шин се раздели со девојката

Познатиот и многу проблематичен актер Чарли Шин требаше за неколку недели да се жени со поранешната порно ѕвезда Брет Роси, со која беше во врска една година.

Сепак, свадба нема да има, двојката се раздели, а Шин ја потврди веста дека тој и Брет веќе не беа заедно.

„Имавме прекрасна година за нас и сакавме толку многу да направиме. Таа е добра девојка, но сепак одлучивме секој да тргне по свој пат”, изјавил актерот преку своите претставници.

Чарли всушност изјавил дека е потребен е за неговите деца.

Двојката планираше да се венча на 22 ноември, тоа ќе беше четврти брак за Шин. Сепак, на крајот Чарли ја раскина веридбата и се посвети на децата.