Македонија

Мицкоски ја фрли ракавицата Наместо тет-а-тет средба, Заев ајде на тв-дуел да зборуваме за името и за сите други теми од твоето катастрофално владеење

Наместо тет-а-тет средба, Заев ајде на тв-дуел да зборуваме за името и за сите други теми од твоето катастрофално владеење

ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасно и порача дека за сериозни теми мора да разговараме како одговорни политичари а не да се баналаизираат со разни изговори кои демонстрираат несериозност и пркос, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицскоски која на владината понуда да се одржи тет-а-тет средба со Зоран Заев понуди телевизиско соочување на коешто ќе се дебатира не само за името туку и за сите суштински прашања од периодот на владеењето на СДСМ.

„Се приближува една година од владеењето на СДСМ односно од владата којашто ја предводи СДСМ во коалиција со ДУИ. Гледаме дека минува една година со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, економијата комплетно е разурната. Гледаме дека нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, апсолутно празни политички памфлети. Една година на големи разочарувања во Република Македонија и логично е да ВМРО-ДПМНЕ како одговорна, државотворна, сериозна партија, отвори внатре партиска дебата за тоа што ѝ се случуваше на Република Македонија во изминатите речиси една година, Влада на СДСМ. Но, истовремено да понуди еден гантограм на активности кој што ќе следува во периодот натаму“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

За Мицкоски поканата од премиерот Заев за тет-а-тет средба рече претставува несериозен приод, и посочи дека како партија биле прилично јасни во ставот и оти кажале дека вака сериозни прашања одговорни политичари, државници коишто ѝ мислат добро на својата татковина, кога станува збор за едно вака сериозно прашање, логично би било да отворат фронт на консултација со што е можно поголем број целни групи.

„Една таква целна група е и ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија но и сите политички партии што се парламентарни, бидејќи е логично да тие партии одлучуваат понатаму за некаков евентуален, хипотетички договор помеѓу Република Македонија и нашиот јужен сосед. Цениме и сигурни сме дека лидерска средба во присуство на Претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес за надминување на проблемите околу нашето уставно име што го има нашиот јужен сосед, и ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност, покажување на пркос, на лажни основи, покажување на непочит кон Македонскиот народ, непочит на оние луѓе коишто ги гласале тие политичари, без разлика дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, другите парламентарни партии, Претседателот на државата, но и непочит кон сите останати институции во оваа држава, од коишто може да се научи како што е МАНУ, универзитетски професори, уметници итн. Прашањето се банализираше на прашање дали има претседателот на влада и Заев време да ме прими мене на тет-а-тет средба или нема“, рече Мицкоски.

Како претседател на најголемата опозициона и најорганизраната политичка сила во земјата , продолжи Мицкосски,  ќе ја искористима приликата да му одговори на претседателот на Владата на неговата покана на тет а тет средба.

„Истата можам да ја прифатам, но наместо во неговиот удобен кабинет да го повикам на телевизија да можеме да се соочиме на една тет а тет средба пред граѓаните на Република Македонија. Да дискутираме за ова прашање да може он да ги информира граѓаните Република Македонија, како преговара за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики кои што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која што така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто“, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека сѐ уште не добил никаква покана за евентуална лидерска средба за којашто во вторникот се шпекулираше во медиумите.

„Не, не сум поканет. Утре патувам во Софија имаме Самит на Европската народна партија, веќе се потврдени неколку средби, ќе биде јавноста навремено информирана за тие средби и за содржината на разговорите кои ќе се водат на тие средби. Така што, до овој момент нема никаква информација за евентуална лидерска средба во петок. Јас, како што знам во петок во Охрид сум поканет во 7 ипол часот на завршна вечера којашто е дел од процесот така наречен Жан Моне којшто ќе се случува во Охрид, на наше инсистирање, за време на посетите во Брисел, но и посетите на евро-тројката во Република Македонија, така што не знам зошто во јавноста проструи таква дезинформација, но имајќи редвид од кои кругови доаѓа и е за очекување на една таква дезинформација. Не станува збор ако мислите на тој настан за евентуална лидерска средба, напротив станува збор за една завршна вечера на којашто ќе присуствувам, којашто ќе биде во времетраење претпоставувам не подолго од еден час и каде што повеќе или помалку ќе дискутираме за формални работи, а не за суштински“, појасни Мицкоски.