четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 56

Намирници кои го регулираат нивото на хормоните

zelencuk-1

Последни вести

Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае на хормонските проблеми. Еве кои намирници треба да ги конзумирате што повеќе…

Брокула

Брокулата изобилува со фитохемикалии кои организмот го чистат од отровниот облик на естроген. Овој вид на естроген гоима во преработената храна и пестицидите, а со внесот во организмот предизвикуваат низа хормонски промени кои може да резултират со промена во расположението, депресија и неконтролираното дебелеење.

Сладок компир

Слаткиот компри е богат со аминокиселината триптофан, која го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол. Исто така содржи и витамин Б6, кој го поттикнува метаболизмот и јаглените хидрати кои бавно се разградуваат. Со самото тоа што телото баво го вари, долго го снабдува до серотонин. Со него се подобрува расположението и се намалува желбата за храна.

Лосос

Лососот е богат со аминокиселини и омега 3 масни киселини кои прават баланс на хормоните и задоволуваат висок дел од дневната доза на потребни протеини. Протеините се важни бидејќи влијаат на хормоните и ја менуваат работата на мозокот. Со јадењето лосос телото добива доволно количество неопходни нутриенти со што се намалува желбата за шеќер, се намалува нивото на хормонот на стре и се поттикнува правилно производство на естроген и тестостерон.

Јогурт

Богат е со протеини, калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум. Овие работи го намалуваат стресот, ризикот од драстични промени на расположението и обемот на струкот. Не се препорачува да јадете овошни јогурти бидејќи се богати со шеќери кои моментално го подигнуваат нивото на енергија, но поеднакво брзо и го намалуваат.

Шумско овошје

Како и брокулите, шумското овошје му помага на телото во отстранувањето на отровниот естроген кој влијае на расположението и тежината. Шумското овошје исто така го чисти дигестивниот тракт и го зајакнува црниот дроб. Има ниско ниво на шеќер што го чини здрав додаток во исхраната. Намирниците богати со шеќер можат да предизвикаат хормонски промени кои предизвикуваат дебелеење и претставуваат стрес за организмот.

Освен шумското овошје се препорачува да јадете кокос и спирулина.

Бадеми

Бадемите изобилуваат со магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум, кои го регулираат метаболизмот и расположението. Се препорачува секој ден да изедете до 20 бадеми, особено кога ќе настапи желба за благо. Тие ќе ја намалт желбата за благо, а нема да го подигнат нивото на шеќер во крвта.

Зелен лиснат зеленчук

Кељот, зелената салата, празот и блитвата делуваат слично како шумското овошје и брокулата. Тие го чистат телото од отровниот естроген. Со јадење на зелениот лиснат зеленчук кој е богат со витамини и минерали се намалува нивото на хоромнот кортизок, а се јакне крвната слика.

Кисела зелка

Киселата зелка го чисти црниот дроб и телото од естрогенот и ја подобрува крвната слика. Овој зеленчук е богат со пробиотици кои делуваат на хормоните, го урамнотежуваат расположението и го регулираат дигестивниот систем.

Најчитани вести