Намирници кои ќе ја направат вашата кожа блескава

Не оди само љубовта низ желудник. Бројни козметички производи ветуваат блескава кожа, но чест забораваме дека правилниот начин на исхрана е најважен за кожата.

Хидратација

Кожата е најголем орган на човечкото тело и многу е важно секогаш да биде доволно хидрирана. Ако кожата не е доволно хидрирана, таа тоа и ќе го покаже. А освен тоа што не смее да се прескокнува дневната нега на кожат и да се пие доволно вода, тука се и намирницит со висока содржина на вода, а тоа се темнозелениот листест зеленчук, јагодите, лубеницата, крставиците и ананасот.

Масти

Масните киселини им помагаат на станиците на твојата кожа при одржувањето на влагата и ја штитат кожата од околината. Исхранара би требало да биде богата со омега 6 и омега 3 масни киселини, есенцијални масти, кои човечкото тело не може само да ги произведе. За природен сјај на кожата се препорачува масн риба, рзни житарки и смеки, како и авокадо.

Антиоксиданси

Храната богата со антиоксиданси исто така е важна за кожата, бидејќи тие ја штитат од негативните надворешни фактори, како што се УВ зраците и загадувачите. Посеги по пиперка, портокали, лимон, малини, цитрони…

Зацврстување

Состојката без која кожата не може да биде цврста секако е колагенот, главниот структурален протеин, кој го наоѓаме во нашето сврзно ткиво. Како што старееме, тој структурален обрач се крши, што резултира со тенка, лабава и раздразлива кожа. За ублажување на овој проблем, конзумирајте ги следните намирници: јајца, бакалар, ракчиња, јастог, сладок компир, сончоглед, бадеми, грав, соја, леблебија и алги.