Намирници кои ќе ви ја вратат концентрацијата

Доколку почуствувате дека вашата енергија драматично се намалува, а концентрацијата станува се послаба, одлучете се за намирници како зелен чај, банана, вода или јогурт, кои ќе го подобрат вашето расположение.

Зелен чај
Зелениот чај има бројни предности за здравјето. Одличен е за извор на витамини воедно е и антиоксидант.  Го подобрува расположението и концентрацијата, а го намалува стресот.

Банана
Бананите се извор на на електролити, растителни влакна и омега 3 и 6 масни киселини.
Познато е дека бананата за многу кратко време по конзумирање ја враќа изгубената енергија.

Вода
Дехидрација е една од водечките причини за хроничен замор. Во моменти кога ќе почувствувате дека вашето ниво на концентрација и енергија почнува да паѓа, земете една чаша вода.

Јогурт
Варењето може да предизвика проблеми со меморијата и хроничениот замор. Пробиотиците во јогуртот може да ја стимулираат работата на дигестивниот систем, подобрување на вашето расположение и зголемување на нивото на енергија.