Намирници кои можат да ја заменат солта

cooking salt

Максималната количина сол која би била идеална за цел ден е 3 до 5 грама, но многумина тоа или не го знаат или едноставно го игнорираат. Поради преголемиот внес на сол, одвикнати сме од природниот вкус на храната, а покрај тоа таа предизвикува повеќе здравствени тегоби – висок притисок, проблеми со бубрезите, уништување на витамините и ензимите.

Еве неколку алтернативи на солта…

Лук

Лукот е совршена замена за солта, особено оној во прав. Одлично оди со риба, тестенини и разни салати, но и на останатата храна и дава фантастичен вкус. Покрај тоа, лукот има голем број лековити својства и тоа го чини број еден намирница во кујната.

Сок од лимон

Речиси никој не сака да јаде салата без зачини, а особено без сол, бидејќи делува потполно без вкус. Затоа е тука сокот од лимон. Дава пикантен, киселкаст вкус на салатата кој сигурно ќе ве воодушеви.

Сончогледово семе

Горчливо-солениот вкус може одлично да ја замени солта и на храната да и ја даде доволната количина сол која и недостига. Покрај тоа што има ваков вкус, сончогледовото семе е исклучително здраво. Само 50 грама семки се доволни да внесете потребна дневна количина на витамин Б1 и Е, а 100 грама за да внесете манган, магнезиум, цинк, натриум, фосфор и витаминот Б6. Купете сончогледови семки и самите сомелете ги – во секој поглед оброкот ќе ви биде поздрав.

Цимет

Иако воглавно се користи како сладок зачин, време е да го употребите и во друга намена. Покрај тоа што е супер замена за сол, циметот има големи здравствени предности – го снижува холестеролот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Најдобро оди со пикантни јадења, бидејќи има дава посебен шмек.

Босилек

Неговиот единствен мирис, но и вкус, секако ќе го направи вашето јадење посебно. За да ги сочувате сите важни состојки од листот босилек, потребно е да го ставите во храната дури по завршувањето со готвење. Одлично оди со тестенини и салати, но може да се користи и во голем број готвени јадења.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.