Нани три години ќе соработува со старата дама

Не само италијанските фудбалски медиуми, сега и англиските се убедени дека португалскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Нани, на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на старо-новиот шампион на Италија, Јувентус.

Најпознатиот спортски весник во Италија, “Газета дело Спорт” пред неколку часа ја пласираше информацијата дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а најавениот трансфер ќе биде реализиран доколку челниците на “старата дама” го прифатат и исплатат побараното обештетување од 5 мил. фунти.

Репрезентативецот на Португалија треба да потпише 3-годишен договор со калчо гигантот, а таквиот договор му гарантира годишна заработувачка од 4 мил. евра.