Најмалку 50 загинати во напад на Ал Шабаб врз база во Сомалија

Најмалку 50 војници од Бурунди загинаа во нападот на радикалната група Ал Шабаб врз база на Африканската унија во Сомалија, јави ДПА.

Според претставник на сомалиските вооружени сили, првично бил извршен самоубиствен напад со автомобил бомба. Подоцна исламистите отвориле оган врз војниците од базата.