Напад на домот на тунискиот министер за внатрешни работи, убиени 4 полицајци

Четири туниски полицајци се убиени, а еден е ранет, кога вооружени напаѓачи отвориле оган над семејната куќа на туниски министер за внатрешни работи Лофти Бен Јоду.

За време на нападот министерот не бил во куќата, информираат од туниското Министерство за внатрешни работи .

Засега ниедна огранизација не презела одговорност за нападот, но се претпоставува дека за нападот е одговорна исламистичката огранизација Ансар ал Шариј.

САД, оваа организација ја сместиле на листата на терористички по туниската револуција во 2011 година, позната под името „Арапска пролет“. Политичката транзиија на Тунис оттогаш напредувала, но властите се загрижени дека тие се одговорни и за немирите во Либија каде исламистичките борци се многу зачестени и зајакнати.

Политички убиства и напади врз воените сили ја одбележаа 2013 година, а одговорноста им се препишува на џихадските движења по настаните во „Арапската пролет“.