Свет

Напад на ирачката нафтена рафинерија

Напад на ирачката нафтена рафинерија

Сунитските екстремисти ја нападнаа најголемата ирачка нафтена рафинерија, во Бајџи, на северот на земјата, потврдиле ирачките безбедносни сили и вработените во рафинеријата, пренесоа медиумите.

Нападот од автоматското вооружување и гранатите почна рано утринава, на два од три главни влезови во рафинеријата, јави Ројтерс.

Една граната го погоди складот со резервни делови од објектите се издигнува чад, навеле изворите. Странците се евакуирани од рафинеријата бидејќи силите на безбедност очекувале напад на рафинеријата. Рафинеријата била под опсада на сунитските екстремисти откако минатата седмица е покрената офанзива на повеќе градови во северн Ирак.