Напад на македонската култура и традиција

На 25 мај 1996 година првпат во мојот живот слетав во Скопје. Пред тој ден, одредено време во текот на претходните четири години минав во другите земји на Балканот, но ова ми беше првпат во Македонија и слетав по бизнис патување во Хрватска на тридневна посета за да видам дали можам да живеам тука за тримесечна хонорарна работа со „Мрси корпс“, хуманитарна организација базирана во Портланд, Орегон. Kон средината на јули се вратив за таа хонорарна работа и трите месеци се претворија во една година, која се претвори во седум години, кои сега се претворија во 21 година. И време е да се размисли.

Има толку многу за што да се размислува во двете децении плус една година, но едното нешто на кое сакам да се фокусирам е најсмртоносното за иднината на Македонија – најголемата промена на која бев сведок во 21 година е следнава: имаше се’ побрз напад на македонската култура, а под „култура“ тука земам страница од „Kултурата е важна“, издадена од покојниот Семјуел Хантингтон, кој ја дефинира културата со субјективни термини, вклучително и „вредности, ставови, верувања, ориентации и фундаментални претпоставки кои распространети меѓу луѓето во општеството.“  Одамна научив дека се’ потекнува од културата на општеството, вклучително и економијата и политиката. И иако културата се менува со текот на времето, таа промена треба да биде многу бавна и направена со голема внимателност, дебата и согласност од мнозинството од општеството. Но, брзината со која социјалните инженери на прогресивната левица (како домашни, така и меѓународни) работеа да ја променат македонската култура, беше толку брза што одзема здив. Објаснето на друг начин, истиот тој напад над американската култура започна во 1960, но во изминатите осум години добива неверојатна брзина (а, кој беше претседател во изминатите осум години?).

Овој напад над културата и традицијата почнува (во Америка, Македонија, Унгарија, Полска итн.) со фамилијата и сака да ја промени самата природа на фамилијата. Во Македонија ова добива поголема димензија: преку поткопување на фамилијата, прогресивната левица се надева дека ќе го поткопа името и идентитетот на Македонија. А, не ли е фамилијата онаа која го продолжува непрекинатото пренесување на тоа име и идентитет? Предавана од една генерација на следната, македонската култура, име и идентитет продолжува во вечност. Додека не престане затоа што нема кој да ја продолжи. Оттаму произлегува дека напад на основниот градежен блок на некое општество, фамилијата, е напад над македонското име и идентитет. Ирскиот автор Ос Гинис пишува вака „…мора да продолжиме да ја кажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мораме да изградиме наши фамилијарни спомени и наши национални спомени бидејќи споменот е клучот… Со уништувањето на фамилијата преку…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.