среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 27

Напад со нож врз минувачи во германскиот град Магдебург, тројца повредени

germanija-640x359

Поврзани вести

Непознат маж синоќа нападна со нож минувачи на една од улиците во германскиот град Магдебург, во провинцијата Саксонија-Анхалт, при што повредил една жена.

Шеесет и четиригодишната жена веднаш била префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Според очевидци, биле повредени уште најмалку две лица.

Полицијата соопшти дека напаѓачот успеал да побегне, но се трага по него.

Според првичните информации, станува збор за маж на возраст меѓу 25 и 35 години, а причината за нападот засега не е позната.

Најчитани вести