Напад со пиштол во Куманово

Три лица ноќеска во Куманово во 02.10 часот испукале неколку куршуми кон еден 34-годишен Кумановчанец и му нанеле повреди во пределот на левата подлактица. На повредениот му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Куамново, а полицијата привела дел од осомничените, а по дел од нив трага.

По целосно расчистување и документирање на слчајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението од МВР.