НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Најмалку еден загинат

Триесет и едногодишен маж е убиен, а друго лице на возраст од  годинни е повредено при напад со нож во германскиот град Вупертал.

Полицијата засега трага по сторителот и ги пребарува околните згради, а на лице место се и специјални единици бидејќи ако што наведуваат германските медиуми, полицијата не е сигурна дали нападот го извршило едно или повеќе лица.

„Можеме да потврдиме дека дојде до смртоносен напад по расправа која се случила во близина на железничката станица. Еден човек загина, а друг е во болница“, изјавил портпаролот на полицијата.

Инцидентот се случил само два часа по нападот со нож во финскиот град Турку во којшто едно лице е убиено, а најмалку осуммина се повредени.