Напад во израелската амбасада во Јордан, едно лице убиено

Едно лице е убиено а уште едно е рането во нападот во израелската амбасада во јорданската престолнина Аман, објавија во јордански безбедносни извори.

Според првичните информации на локалните медиуми убиен е еден јордански државјанин, а ранет е еден Израелец.

Според јорданската новинска агенција Ammon, терористи се обиделе да ги минат бариерите и обезбедувањето на дипломатската мисија. Во престрелката бил убиен еден од напаѓачите. Израелски припадник на обезбедувањето бил тешко ранет и е хоспитализиран.

image (2)

Јорданскиот весник Al Ghad објави дека нападот врз амбасадата на Израел го извршил тинејџер. Според сознанијата на весникот, тој влегол на територијата на амбасадата о си нож нападнале еден од вработените. !7-годишникот со ноќ во градите прободел и Израелец, по што бил застрелан од обезбедувањето.

Полицијата ги блокирала сите приоди кон зградата на амбасадата, објавија безбедносни извори.

Во Јордан владее сѐ поголем бес против Израел. Функционери од Јордан апелираат Израел да ги отстрани металните детектори на приодите кон Платото на џамијата во Ерусалим, чие поставување предизвика жестоки протести и најкрвави израелско-палестински судири во последните неколку години.

image (2) image (3)

Неколку илјади Јорданци демонстрираа во петокот против Израел, и во главниот град Аман и во другите градови низ земјата, како и во бегалските кампови.

Јордан во неделата побара итен состанок на арапските министри за надворешни работи за да разговараат за настанатата ситуација.

Јордан, кој го води надзорот на светите места во источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од Израел, во март минатата 2016 година објавувајќи ја веста за поставување на надзорните камери, додаде дека ќе отвори „контролен центар“, од кој деноноќно ќе го следи видеонадзорот на Платото, рече тогаш министерот за исламски работи и за верски имот, Хајел Дауд.

Снимките ќе бидат објавувани на интернет за да се „документираат сите израелски прекршувања и напади“, додаде министерот во соопштението, истакнувајќи дека камерите нема да бидат поставени во џамиите.

Воведувањето на 24-часовниот видеонадзор на целото Плато на џамјата во октомври 2015 година го најави пораншениот американскиот државен секретар Џон Кери, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас и со јорданскиот крал Абдула Втори. Неколку дена подоцна Јордан протестираше обвинувајќи дека Израел попречува да ги постави камерите. Овие камери треба да ги одвратат провокациите од двете страни, а доколку се случат, треба да утврди кој е одговорен за нив.

Платото, или Харам ал-Шариф за муслиманите, на кое се наоѓаат џамиите ал-Акса, Куполата на карпата и Омаровата џамија, е во источниот палестинскиот дел на Ерусалим кој и двете страни го прогласуваат за главен град на еврејската и на идната палестинска држава.

Палестинците го обвинуваат Израел дека сака системски и дефинитивно да го промени статус-квото коешто се почитуваше со децении, според кој Евреите може да го посетуваат Ридот, но и таму да се молат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучно отфрли каква и да е намера тоа да го промени. Повиците на радикалните еврејски групации и партии да се дозволи молитва на Ридот, па дури и да се уништат двете џамии и повторно да се изгради Ерусалимскиот храм, според него, не ја одразуваат и политиката на владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.