недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 21

Напад врз болница во Алепо, десетици убиени и ранети

sirija-alepo

Последни вести

Десетици луѓе се убиени и ранети во напад на бунтовници врз болница во северниот град Алепо кој е под контрола на сириската Влада.

Инцидентот го потврди Сирискиот центар за човекови права. Цел на нападот била болницата Ад Дабит во квартот Мохафаза во центарот на Алепо.

Според либанската телевизија Ал Мајадин објектот е целосно урнат. Сириската армија соопшти дека бунтовниците презеле жестоки напади врз Алепо.

Во средата најмалку 27 луѓе загинаа во воздушни напади од сириската владина авијација врз болница во која помагаа од Лекари без граници во реонот на Алепо. Од 22 април досега вкупно 244 цивили загинале во Алепо, наведува Сирискиот центар.

Најчитани вести