Напад врз џамија во Ирак, загинаа осум верници

Осум верници го загубија животот вчера во минофрлачки напад врз шиитска џамија во Ирак.

Според полицијата, неколку гранати паднале до џамијата, додека верниците си заминувале од петочната молитва.

Мукдадија се наоѓа на 90 километри северно од Багдад. Во нападот биле повредени 21 лице, а џамијата била делумно оштетена.