вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 24

Напад врз руското ФСБ, има убиени

Според официјалното соопштение напаѓачот влегол во делот каде што се примале странки, но не успеал да ја мине зоната за техничка контрола, по што започнал да пука

rusko fsb napad

Поврзани вести

Во градот Хабаровск во петокот било нападнато приемното одделение на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) при што загинале еден посетител и еден припадник на службата, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на секторот за односи со јавноста, додека другите медиуми јавуваат за три жртви.

Според официјалното соопштение напаѓачот влегол во делот каде што се примале странки, но не успеал да ја мине зоната за техничка контрола, по што започнал да пука. Притоа загинале еден припадник на ФСБ и еден од двајцата државјани на Заедницата на независни држави (поранешните советски републики) чишето државјанство засега не е откриено.

Напаѓачот бил застрелан од обезбедувњето и е идентификуван како А.В. Конев, роден во 1999 година и жител на областа Хабаровск. Според непотврдени сознанија, напаѓачот бил припадник на неонацистичка група.

Најчитани вести