Соработник на Изетбеговиќ организатор на нападот врз Вучиќ

Соработник на Изетбеговиќ организатор на нападот врз Вучиќ

Безбедносните служби како главен организатор на нападот врз српскиот премиер, Александар Вучиќ го посочија Асим С., висок функционер на босанската владејачка Партија на демократската акција, пренесува порталот nezavisne.com

Како што пренесуваат медиумите Асим е соработник на лидерот на Бошњаците, Бакир Изетбеговиќ, а за инцидентот во Сребреница собрал група криминалци блиска до Насер Ориќ, кого Белград го бара поради воени злосторства над Србите.

Српските безбедносни служби имаат и снимки и фотографии од Сребреница кои докажуваат дека Асим С. диртектно учествувал во нападот над Вучиќ. На една од нив дури и се гледа како тој, облечен во воена униформа и со беретка на глава, фрла камења врз делегацијата на Вучиќ. На друга фотографија Асим С. е снимен пред почетокот на одбележувањето на годишината од злосторството во Сребреница.

Асим С. во партијата е задолжен за доверливи работи. До влезот во политика соработувал со некогашниот водич на криминалот во Сараево, Рамиз Делалиќ Чело, кој во 2007 година е убиен во Сараево. Во убиството на Чело наводно е вмешан Насер Кељменди од Косово, но и многу влијателни луѓе од Босна и Херцеговина.

Асим С. на својот профил на Фејсбук сам посочува дека во текот на војната бил доброволец во војската на БиХ, во чија униформа беше во Сребреница, и дека двапати бил ранет.