Нападат полицаец во Кумановско

На 02.12.2014 година во 12.20 часот на локалниот пат Куманово – с.Никуштак, полициски службеник при преземање на мерки за расчистување на физички напад кој во моментот се случувал пред него, К.Р.(36) од с.Сингелиќ, скопско го спречил полицискиот службеник во преземање на службени дејствија на начин што физички го нападнал удирајќи го со тупаница во пределот на левото рамо. К.Р. е приведен во ПС Куманово, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднсесен соодветен поднесок.