ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Човекот што стои зад нападите во Париз влече тела на жртви со камионет

Се верува дека тој регрутирал голем број мали лица на боиштата во Сирија. На видеото се гледа како тој влече тела на жртви во Сирија. Џихадостите на ИД на видеото се смеат додека ги носат телата кон масовната гробница.

Абаунд е по потекло е од Мароко, а на почетокот на годинава во отсуство е осуден на 20 години затвор поради терористички напади во Вервијер, во кој се убиени белгиски полицајци.

Тогаш истрагата покажа дека тој е лидер на џихадистичката ќелија во Белгија и дека раководи со регрутација на радикални исламисти кои потоа стануваат членови на Исламската држава.

Абаунд е уапсен на 17 јануари годинава во Грција, заедно со уште тројца исламисти, два дена откако во Белгија се убиени двајца членови од неговата ќелија.

Сепак, по кратко време е пуштен на слобода, а постои сомнеж дека се вратил во Сирија, откаде командува со операциите на терористите во Белгија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.